Министерство
Министерството за животна средина и просторно планирање е клучната институција одговорна за заштитата и одржливото користење на природните ресурси на земјата. Основната намена на ова министерство е да ја одржува еколошката рамнотежа и да ги заштитува екосистемите од разни загрозувања, вклучувајќи загадување на воздухот, водите и земјиштата. Со овие мерки и активности, Министерството за животна средина и просторно планирање го промовира одржливиот развој и го чува природното богатство за идните генерации.
Новости
5 милиони денари за чистење на депонијата во Никуштак
Главна цел на Управата е да воспостави ефикасен и интегриран систем на заштита на животната средина во Република Македонија
Меџити изврши увид на градежните активности за изградба на примарната водоводна мрежа во Мерово, Желино
Изет Меџити, придружуван од градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и пратеници од регионот, денеска изврши увид на градежните активности за реализација на проектот за изградба на примарната водоводна мрежа во селото Мерово, општина Желино.
Лашкоска: Во координација со Владата, забрзано и системски работиме на санација на хидросистемот Ѓавато
Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Ане Лашкоска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес присуствуваа на увид во моменталната состојба во која се наоѓа “хидросистемот Ѓавато”, кој во 2002 година беше направен за да се полни со вода Дојранското Езеро.

